Утрински Весник
Свет

Французинот кој донел 50 мажи да ја силуваат сопругата е прогласен за виновен

Peliko 800x483 1.jpg

Во судот во Авињон, Франција, заврши судењето на Доминик Пелико (72) и на педесет други обвинети за силување на неговата сопруга Жизел Пелико. Доминик е прогласен за виновен по сите точки од обвинението, а казната ќе биде објавена подоцна.

Судијата ги чита пресудите и за останатите обвинети, а досега над 40 лица се прогласени за виновни. Никој не беше прогласен за невин.


Најмладиот обвинет сега има 27 години, додека најстариот 74. Сите мажи на кои им се суди во Авињон живееле во радиус од 50 километри од домот на семејството Пелико.

Жизел пред судницата беше пречекана од стотина луѓе со аплаузи и овации, а на судењето присуствуваа нејзините деца Давид, Флоријан и Каролина.

Медиумите потсетуваат дека Пелико редовно учествувал на форум наречен „без нејзино знаење“ на страницата Coco.fr, кој содржеше бројни виртуелни простории за разговор во кои се величи сексуалното насилство. Таму најмил десетици мажи да ја силуваат неговата сопруга речиси десет години.

Дури откако Доминик беше уапсен во блискиот супермаркет во септември 2020 година, откако беше фатен како фотографира долна облека под женско здолниште, беше откриена неговата криминална мрежа. За тоа дело доби условна затворска казна од осум месеци.

Додека го истражувала случајот, полицијата му ги запленила лаптопот и мобилните телефони и пронашла стотици слики и видеа од силувањето на неговата сопруга, отворајќи еден од најшокантните случаи на сексуален криминал во модерната француска историја.

Жизел Пелико, која се разведе од сопругот, рече дека мажите „ја третирале како кукла од партали“.

„Не ми кажувајте за сцените со секс. Тоа се сцени со силување“, рече таа.

Можете да прочитате

Трагедија во Германија: Автомобил влета во толпа на божиќен саем, најмалку 11 загинати

Руско Министерство за одбрана: Како одговор на украинските напади, Русија гаѓаше цели на безбедносните служби во Киев

МНР: Настрада и македонската амбасада во рускиот ракетен напад на Киев