Утрински Весник
Македонија

Засега нема информации дали Судскиот совет ќе го разреши судијата Беџети

Uploads Thumbs Resize 800x420 675536.jpg

Анализи на работата на скопска Апелација покажува дека има и други високоприфилни предмети за кои има индиции дека се одолговлекувале.

Не е само случајот за масовното прислушување „Таргет-Тврдина“ и не е само судијата Енвер Беџети – Дарко Аврамовски од Коалицијата „Сите за правично судење“ вели дека нивните анализи на работата на скопска Апелација покажува дека има и други високопрофилни предмети за кои има индиции дека се одолговлекувале. Откако се најде на црната листа, за Беџети Судскиот Совет најави нова постапка, но детали засега нема.


„ Тој предмет особено беше проблематичен е дека Судскиот совет откри дека имало свесно и намерно одолговлекување, но можете да забележите дека во поголем број на премдетите кои беа медиумски експонирани постапките пред Апелација траеа невообичаено долго и многу често резултираа со укинување на пресудата и враќање на повторно одлучување, и што проидоноесе до дооплнителен проток на времето.“-Дарко Аврамовски – Коалиција „Сите за правично судење“.

Од Коалицијата забележуваат дека изминатата година поради измените на Кривичниот законик и застарувањето на предметите имало најголем број на пресуди за високопрофилираните случаи.. Според нивните анализи за 2024-та , во однос на судските постпаки има подобрување во поглед на транспарентноста и достапноста на податоци за судењата, но забележано е уназадувањето во перформансот и бројот на решени предмети.

Од Коалицијата дошле и до фрапантен податок кој укажува на огромен одлив на кадар од судовите и јавните обвинителства и апелрираат итно да се преземат мерки..

Можете да прочитате

Чупеска: Голема е веројатноста дека бегството на Груби е помогнато од ДПМНЕ

Грант од ЕБОР за изградба на фотонапонски централи во Битола 1 и Осломеј 2

Од утре времен режим на сообраќај на делницата Фариш – Прилеп