Утрински Весник
Македонија

ДОАЃА НОВ ВЛАЖЕН БРАН: Најпрво дожд а потоа само снег

Sneg.jpg

Од петок попладне под влијание на циклонска активност ќе започнат врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег.

В сабота поради спуштање на студена воздушна маса од север ќе дува засилен северен ветер над 65 километри на час и врнежите ќе преминат во снег и во некои од пониските места. Наместа врнежите ќе бидат пообилни над 30 литри на метар квадратен, па на планините снежната покривка позначително ќе се зголеми. Помала снежна покривка се очекува и во некои од пониските места.


Управата за ходрометеоролошки работи соопшти дека преодно стабилизирање на времето ќе има во недела, а од понеделник се очекуваат нови врнежи претежно од снег.

Во Скопје од петок попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Во сабота ќе дува засилен северен ветер и во повисоките делови од котлината врнежите ќе бидат преминат во снег. Во недела ќе има преодно стабилизирање, а нови врнежи од дожд и снег се очекуваат од понеделник попладне.

Можете да прочитате

Уапсен скопјанец, од касата каде што работел си зел 50.000 евра

Ристовска вршела тортура врз вработените во ДКСК, тврдат од Левица

Комшиите бодрат, нашиот премиер молчи: Олимпискиот срам на Мицкоски