Утрински Весник
Македонија

Д-р Иванова: Дијагностиката на карцином на коските бара сериозен и мултидисциплинарен пристап

Mivanova.jpg

Во подкаст ЗРАК со д-р Марина зборуваше спец д-р радиолог Маја Иванова, која го објасни појавувањето и откривањето на карциномот на коските.

Според неа, дијагностиката на овие заболувања бара мултидисциплинарен пристап.


„Карциномите на коска се ретки малигни заболувања во однос на целокупните малигноми во целокупното човечко тело и зафаќаат околу еден процент од сите малигни заболувања. Тие се ретко но специфични затоа што ја опфаќаат и детската возраст. Затоа и самото лекување е многу комплексно, односно потребно е мултидисциплинарно лекување. Тоа значи дека во лекувањето се опфаќаат повеќе медицински гранки како на пример радиологија, патологија, ортопедија, како и онколозите. За дијагностика на овие болести прво што матичниот лекар треба да направи е рентген на тој дел од коската па потоа магнет и на крај патохистолошка дијагноза која може да се изведе со кор биопсија или со отворена биопсија“ рече таа.

Болките во некој дел од коската, додаде таа може да се смета како симптом, но  може да има и тумор, однсоно израсток кој е без болка.

Можете да прочитате

СДСМ обвинува дека бегството на Груби е договорено меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ

Анкета: Граѓаните го поздравуваат МВР, но се сомневаат дека Груби е пуштен да избега

Костовски: Тошковски свесно направи конфузија за Ковачевски – мора да се почитува пресумција на невиност