Утрински Весник
Македонија

Поради снег, Галичник е три недели отсечен од светот, сега снема и струја

Sneg Straza.jpg

Упатуваме апел до надлежни институции „Македонија пат“, Општина Маврово и Ростуше, како и ЈП за Државни патишта да се овозможи пристап до Галичник кој веќе трета недела е отсечен од патна комуникација, се вели во реакцијата на Месната заедница од Галичник.

„Сакаме да укажеме дека според активните сообраќајни законски норми станува збор за регионален пат кој мора да биде постојано прооден. Дополнително, во Галичник веќе трета недела не функционира уличното осветлување, а од денеска поради дефект на 20 киловолтен далновод во Галичник нема ниту електрична енергија. Сакаме да ја потсетиме јавноста дека во Галичник има постојани жители, а многумина луѓе сопственици на имот во Галичник имаат редовни работни обврски поврзани со повремено присуство во Галичник на кои им е потребен пристап. Се надеваме на соодветна и навремена реакција на надлежните институции“, се нагласува до дописот.


Можете да прочитате

Воената академија во Скопје ќе добие спортска сала, покрај питомците ќе ја користат и училиштата во општина Аеродром

Задутре времен застој на ГП “Делчево” заради градежни работи

Ангелов го испрати воздухопловниот тим на хеликоптерот „Блек Хок“ од Чешка