Утрински Весник
Македонија

Намалена видливост поради појава на магла од 40 – 50 метри на еден патен правец во Македонија

Magla Avtopat 1.jpg

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла од 40 – 50м. има на патниот правец Тетово – Попова Шапка.

Од ЈП Македонијапат информираат дека сите патни правци во државата се проодни, без забрани и ограничувања.


-ЈП Македонијапат со целокупната расположива механизација и работна сила е вклучена во расчистување на патиштата. Исто така, на располагање се и фирмите со кои соработуваме, како навремено би се справиле со снежните наноси, велат од јавното претпријатие.

Оттаму предупредуваат дека на одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Можете да прочитате

Досега регистрирани 138 шумски пожари, до крајот на јули штетата изнесува четири милиони евра

Ангелов: Повеќе од 60 луѓе го гасат пожарот кај с. Белица во М. Брод, куќите нема да бидат загрозени

Еден загинат и тројца повредени е епилогот од вчерашната сообраќајка кај Стража