Утрински Весник
Македонија

Наврнаа дури 53 литри дожд во Македонија, на скијачките центри има речиси 

Meteoalarm.mk 15.jpg

Пишува: Славчо Попоски

Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврна во Дебар, дури 53 литри, додека снежната покривка до 7 часот утринава изнесуваше 47 сантиметри на Попова Шапка, 27 сантиметри во Маврово, 7 сантиметри во Крушево.


Исто така до 7 часот најниска температура од градовите е измерена во Крушево, и тоа -1 степен, а највисока во исто време е измерена во Гевгелија, и тоа 7 степени.

На табелата можете да ги погледнете  и останатите температури измерени по градови и места во Македонија до 7 часот утринава, и тоа на мерните станици на УХМР.

Инаку до крајот на денот, особено во западните предели ќе има врнежи од дожд на ниските, а на повисоките места  и на планините ќе врне снег, со што поради дополнителното заладување, снежната граница ќе се спушти до околу, па и под 1000 метри надморска височина, со што привејување на снег е можно и во повисоките населени места.

Попладне ќе засилува ветер од северен правец.

Можете да прочитате

Мицкоски: Никој нема против албанскиот јазик, но треба да се знае дека официјалниот јазик во оваа држава е македонскиот

Под дејство на алкохол удрил и усмртил пешак во Марино, предложен притвор за 21-годишник

Манасиевски: За да остане на фотелјата Филипче одбра СДС да биде прокси партија по насока на Заев и Башановиќ