Утрински Весник
Македонија

Герасимовски алармира за повторен вандализам вечерва во Капиштец

Img 9175.jpeg

Градоначалникот на Општина Центар, преку објава на социјалните мрежи, повика на итна интервенција од Министерството за внатрешни работи поради повторен вандализам во населбата Капиштец.

„‼️ МВР веднаш да реагира за вандалското однесување во Капиштец! Во моментов повторно вандализам, група малолетни лица кршат шишиња, пукаат петарди и се тепаат. Ова не е првпат! Следува пријава и ги повикувам Министерството за внатрешни работи да поведе истрага,“ напиша градоначалникот.


Станува збор за чест проблем кој, според жителите на Капиштец, го загрозува јавниот ред и безбедноста во оваа населба. Градоначалникот истакнува дека ваквите инциденти мора да бидат решени и одговорните да се соочат со соодветни мерки.

Општината Центар ќе поднесе пријава до надлежните органи, а од МВР се очекува брза реакција за враќање на мирот и безбедноста во Капиштец.

Можете да прочитате

Левица со предлози за крај на дискриминаторската социјална политика и здравствена заштита за сите

Пожар во затворот Идризово, се запалил кровот на амбулантата

Лимани: Потпишавме историски Колективен договор, со кој платите растат до 21% и се предвидуваат бројни придобивки за вработените