Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Власта го окупира судството-избран е првиот судија од тефтерчето на Мицкоски

Pres Bogdanka.jpeg

Интегрален текст од прес-конференција на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ:

Наместо реформи, власта спроведува брутална партизација и окупација на судството. 


Додека јавно се врши притисок врз Судскиот совет, избран е првиот судија од тефтерчето на Мицкоски. 

Сопруга на градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ е назначена за член на Судскиот совет. Тоа е уште една потврда дека целта на власта е потполна контрола врз судството и ништо друго.

Наместо независни институции кои ќе судат по словото на законот, се враќа „Сваровски судство” кое ќе биде продолжена рака на Мицкоски и неговата партија.

ВМРО-ДПМНЕ се обидува да создаде партиски контролиран судски систем кој ќе служи како нивна алатка за политички прогон и заштита на криминалот во редовите на власта.

Ова е истиот рецепт од времето на Груевски, кога судиите беа алатки на режимот, а правдата беше глува за граѓаните. 

ВМРО-ДПМНЕ сака да биде и судија и егзекутор, да дели партиска наместо законска правда.

СДСМ со месеци предупредува дека ова не е изолиран случај, туку јасна стратегија на премиерот Христијан Мицкоски и неговата партија. Судиите да бидат само пиони кои ќе носат одлуки според партиски директиви.  

Партизација на судството е директен напад врз демократијата и владеењето на правото. Особено што се случува паралелно со партизација на безбедносните агенции, независните регулаторни тела и други институции. 

Со партиски окупирани институции и контролирано судство нема владеење на правото. 

СДСМ ги повикува сите демократски сили – граѓаните, правните експерти, граѓанските организации и независните медиуми – да застанат цврсто против обидите за партиска контрола врз судството. 

Ова е битка за демократијата, за владеењето на правото и за иднината на нашата држава.

Можете да прочитате

Ослободителна пресуда за Рамиз Мерко: Судот утврди дека немало злоупотреба при набавката на луксузното „Ауди“

Завршни зборови за убиствата на Вања и Панче: Нема никакво оправдување за убиство на невино дете, кое ни на сон не им сторило ништо на четворицата обвинети

Обвинителството тврди дека Палчо од таткото Александар разбрал кое време Вања ќе оди на училиште и дека ќе оди сама