Утрински Весник
Свет

Централниот дел на Чиле го погоди земјотрес со јачина од 6,4 степени

Zemjotres1.jpg
Dik 300x250 mk

Земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала го погоди централниот дел на Чиле, со епицентар на 41 километар југоисточно од градот Молина. Според информациите од Геолошкиот институт на САД, земјотресот се случил на длабочина од 110 километри.

Земјотресот бил почувствуван во централните и северните региони на Чиле, вклучително и во главниот град Сантијаго.


Чилеанскиот национален систем за спречување и одговор при катастрофи објави дека нема извештаи за штети или вонредни ситуации. Дополнително, Чилеанската океанографска служба информираше дека земјотресот „не ги исполнувал условите неопходни за создавање цунами“ во близина на брегот.

Чиле е дел од Пацифичкиот огнен прстен, регион со една од највисоките сеизмички и вулкански активности во светот.

Како што пренесува АП, засега нема извештаи за штета предизвикана од земјотресот.

Можете да прочитате

Трет обид за покорување на Русија може да ја уништи Европската Унија

Кина потврдува дека ги укинува дополнителните царини од 24 проценти за американскиот увоз

Протекување на податоци на „Тиса“: Маѓар обвинува руски хакери, Орбан посочува украинска вмешаност