Утрински Весник
Скопје

Ѓорѓиевски: Градиме нова летна училница (амфитеатар) во училиштето во Црниче

01 960x640 1.jpg
Dik 300x250 mk

Општина Кисела Вода започна со изградба на нова летна училница во дворот на подрачното училиште „Кузман Јосифовски – Питу“ во Црниче. Оваа училница, со површина од 146 м², ќе функционира како амфитеатар на отворено и ќе биде наменета за повеќе од 100 ученици. Градежните работи е предвидено да завршат во наредните две недели. Вкупната инвестиција изнесува околу половина милион денари.

Покрај изградбата на летната училница, во централното училиште „Кузман Јосифовски – Питу“ е во тек реконструкција на трпезаријата, од следната недела ќе започне и молерисување на повеќе од 2000 м² училници и ходници, со што значително ќе се подобри изгледот и функционалноста на училиштето.
-Со изградбата на новата летна училница во подрачното училиште „Кузман Јосифовски – Питу“ во Црниче, продолжуваме со унапредувањето на условите за настава за учениците. Оваа училница ќе овозможи изведување на настава на отворено, но и организирање на различни културни и образовни активности кои ќе ги поттикнат креативноста и интересот кај младите. Посветени сме на тоа секое училиште во нашата општина да добие современи и функционални простори, а со тоа да создадеме подобра иднина за нашите деца. Продолжуваме со реконструкција и уредување на сите образовни институции, уверени дека инвестицијата во образованието е инвестиција во иднината на нашата општина и држава, изјави градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.


Можете да прочитате

Саем на студии во странство се одржува викендов во Скопје Сити Мол

Пајак службата отиде во Чаир и Бит пазар да крева непрописно паркирани автомобили (ФОТО)

Во Обвинителството нема пријава за злоупотреби во Комунална хигиена