Утрински Весник
Македонија

Петрушевски: ЈО да не чека, одговорност за Груби мора да има, но и за неговите помагачи од СДС

13.jpg

ИНТЕГРАЛЕН ТЕКСТ ОД ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА БРАНЕ ПЕТРУШЕВСКИ, ПРАТЕНИК НА ВМРО-ДПМНЕ

ЈО да не чека, одговорност за Груби мора да има, но и за неговите помагачи од СДС.


ЈО не смее да дозволи Артан Груби да помине само со црна листа на САД. Самиот факт што нашиот стратешки партнер има докази за влијание на Груби во судски предмети говори дека и ЈО истите мора да ги обезбеди и тој да одговара.

Ако ЈО не поведе постапка против Груби оваа генерација обвинители ќе биде 100% виновна зошто довербата на народот во нив е само 2%.

Груби не е сам, СДС му беа логистика и одговорност мора да има за сите.

Артан Груби за кој видовме дека земал мито за да влијае на судски предмети не е сам, СДС како партија му биле испостава и помагачи.

7 години ДУИ и СДС поставува свои луѓе во правосудството.

Никој не може да претпостави колкав е бројот на предмети на кои Груби и СДС влијаеле и ја спречиле правдата или донеле одлука во граѓанска постапка во нечија корист.

Ги повикуваме обвинителите и судиите да се освестат, да излезат од јаремот на ДУИ и СДС и да почнат да си ја работат работата.

Можете да прочитате

Петрушевски: Артан Груби и СДС правеле притисоци врз судството, се носеле одлуки по диктат

Муцунски: Фрчкоски сторил штета од шест цифри во евра, информациите се многу загрижувачки

СДСМ: Власта го окупира судството-избран е првиот судија од тефтерчето на Мицкоски