Утрински Весник
Македонија

Николоски: Уште шест нови авиолинии до крајот на годината

20241213085533 Big 730x400 83.webp.webp

Можам да најавам дека до крај на годината уште најмалку шест нови авио линии ќе имаме од скопскиот и охридскиот аеродром. Веќе донесовме 4 од Скопје и 2 од Охрид, овие нови шест дополниелно ќе ги објaвиме до крај на годината, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во емисијата Само Интервју.

“Ќе имаме нови дестинaции. До крај на годината уште нови 6 линии ќе објавиме кои ќе оперираат од скопскиот и охридскиот аеродром. Видете, кога дојдов на позицијата министер увидов дека бројот на патници се намалуваше а аеродормите во регионот ја зголемуваа конкуренцијата. Морам да кажам дека по кракатер имам натрпреварувачки дух и тоа беше голем мотив да ги сменам работите и еве сега се менуваат работите. Ќе имаме нови дестаинации и нека повелат колегите од Бугарија, Албанија, Србија да се натпреваруваме, мислам дека јас ќе донесам најмногу авиолинии”- истакна вицепремиерот и министер Николоски.


Можете да прочитате

„Држи се за мене” во режија на Мирсини Ариститиду награден за најдобар филм на 5. издание на „Преку езерото”

Сончево и топло до 38 степени

Собранието ќе ја продолжи 111. седница, на дневен ред и Законот за соодветна и правична застапеност