Утрински Весник
Македонија

Милошоски: Измените на Законот за јавни набавки е со цел зголемување на ефикасноста и подобрување на правната заштита за компаниите

Miloshoski 12.12.png

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

„Прво затоа што мислам дека оваа државна комисија за жалби по јавни набавки не покажа ефикасност и резултати. Ние гледаме и според одредени анкети, спроведени од институти и ЕК дека голем број на стопанственици дури не ни поднесувале жалби по јавните набавки затоа што знаеле дека однапред е одлучено како ќе биде”, рече пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски во изјава за Канал 5 телевизија.


Тој продолжи и додаде:

„По однос на управната постапка или административна постапка сега, се работи само за подобрување на ефикасноста за да нема преклопување на надлежноста на бирото за јавни набавки со надлежноста на државната комисија за жалби по јавни набавки, односно да се зголеми ефикасноста на бирото за јавни набавки во почетокот на самата постапка кога има одредени поголеми јавни набавки, а државната комисија за жалби по јавни набавки да биде крајната инстанца која ќе значи правна заштита на оние стопански субјекти кои сметаат дека има повреда на постапката и сметаме дека ова разграничување ќе ги направи двете институции поефикасни во управувањето со финансиите и големи јавни набавки”, вели Милошоски.

Милошоски истакна дека измените се поврзани со реформската агенда на Владата и со планот за раст на ЕК.

„И третата работа зошто го правиме по скратена постапка затоа што овие измени се поврзани и со реформската агенда на Владата и со планот за раст на ЕК каде како држава сме презеле одредени обврски, но претходната влада не ги реализирала навремено односно ние треба во 2025 година да ги намалиме електронските набавки под 40%. Досега биле навистина преголеми што создавало сомнеж дали истите се правилни или голем дел се злоупотребуваат и токму имаме таква интервенција да се ограничи оваа можност за електронски јавни набавки”, истакна Милошоски.

Тој продолжи и додаде:

„И на крајот тоа што сакам да го потенцирам е дека самите случувања актуелен е тој предмет со РЕК Битола со големи јавни набавки, со преголем сомнеж за можен организиран криминал или корупција покажуваат дека досегашното дејствување според овој закон на државната комисија за жалби по јавни набавки не било на задоволително ниво. Во иднина ќе треба многу посилен ангажман на овие две институции за да имаме поголема контрола во јавните набавки”, укажа Милошоски.

Можете да прочитате

Внимателно возење: Магла на планинските превои Ѓавато и Плетвар

Исчезна 12-годишно дете од Злокуќани, утрово се качило во погрешен автобус

ДКСК почна со антикорупциска проверка на измените на Законот за јавните набавки предложени од ВМРО-ДПМНЕ