Утрински Весник
Скопје

Ѓорѓиевски нема прецизни информации дали Владата ќе ги одземе ингеренциите за ЈСП

Avtobusi Jsp3 22.08.2023 650x342 1.jpg

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, изјави дека нема конкретни информации дали Владата планира да му ги одземе ингеренциите на Град Скопје за ЈСП Скопје, иако, како што рече, премиерот ја спомена таа можност. Тој додаде дека Владата сериозно размислува за ова прашање бидејќи тоа ги засега сите скопјани, и потенцираше дека не се решени и други проблеми како комуналната хигиена и нефункционалноста на некои јавни претпријатија.

Ѓорѓиевски истакна дека на состанокот со Владата, планиран за крајот на годината, ќе се отвори и ова прашање.


Во одговор на прашањето за можната блокада на општините поради буџетот на Град Скопје за 2025 година, Ѓорѓиевски рече дека ова ќе биде разгледано на денешното Генерално собрание на ЗЕЛС. Тој додаде дека градоначалничката Арсовска, по смената од позицијата претседател на ЗЕЛС, ретко учествува во работата на организацијата, но денеска ќе присуствува претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески, со кого ќе се разговара за актуелната ситуација.

Можете да прочитате

Ѓорѓиевски на средба со Рита Колумбиа: Разгледани тековните и идните можности за соработка меѓу Град Скопје и ОН

Левица: Општина Ѓорче Петров должи над два милиони евра

Герасимовски: Центар вечерва пее со најмладите на „Детелинки” , фестивал на оригинални песни и детски таленти