Утрински Весник
Македонија

Настан во Кинотеката во рамки на одбележувањето 80 години од основањето на АФЖ

20241211165722 Big 730x400 92 1.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Настан по повод одбележување 80 години од основањето на Антифашистичкиот фронт на жените (АФЖ) ќе се одржи вечер од 19,30 часот во Кинотеката, во соработка со Региноналната феминистичка антифашистичка мрежа (ФАМа), информира Фондацијата „Фридрих Еберт“ – канцеларија Скопје.

Најавено е учество на експертки и активистки од регионот „со цел заедничко одбележување на наследството и влијанието на АФЖ, осврнување на заедничката историја и на вредноста на антифашистичкиот фронт на жените во денешен контекст“.


-Обраќања ќе имаат учесничките од регионот од Феминистичката антифашистичка мрежа ФАМа, а  актерот Никола Ристановски ќе го изведе авторскиот текст „Таа“ на македонската теоретичарка на уметност Искра Гешовска.

Учениците од СУГС „Никола Карев“ ќе ја изведат  „Духот на слободата“ – историско движење за правата на жените коишто започнале со антифашистичка солидарност во регионот, се наведува во соопштението.

 Влезот во Кинотеката е бесплатен за сите посетители.

Можете да прочитате

Поради недостиг на мазут, ЕСМ бара прогласување кризна состојба со струјата

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен