Утрински Весник
Македонија

Вработена во ГТЦ обвинува дека е избркана од работа додека била на боледување

Gtc.jpeg

На вработена во ГТЦ и бил прекинат договорот за работа, додека таа била на боледување.

Вработената во изјава за 24инфо.мк тврди дека поради лоша здравствена состјба, два дена не била на работното место, а третиот ден се појавила но за кратко состојбата пак и се влошила и завршила во здравствена установа на инфузија.


Следниот ден отворено е боледување на 14 денови, но во меѓувреме од страна на новиот директор таа била ставена на дисциплинска комисија.

Според тврдењето на вработената иако според постоечкиот правилник имало три опции како казна од 15% на плата, писмена опомена и отказ, директорот се одлучил за прекин на работниот однос веднаш.

Вработеното лице во својата изјава за 24инфо.мк обвинува дека прекинот на работниот однос е незаконски и најавува соодветни тужби.

Таа најви дека правдата за ваквото како што вели незаконско и политички мотивирано бркање од работа, ќе ја бара пред надлежните институции.

Додава и дека со доаѓањето на новиот директор сериозно се нарушени меѓучовечките односи во ГТЦ и вели дека за две недели од страна на новото раководство вработени се нови над 40 лица.

24инфо.мк веќе пишуваше за состојбата во најголемиот трговски центар во Македонија откако претходно група на вработени испратија писмо до нашата редакција во кое се жалеа на мобинг и најавија и штрајк доколку таквата лоша состојба продолжи.

За да добиеме став и од другата страна, испративме прашања до ГТЦ но оттаму и овој пат не добивме одговор.

Можете да прочитате

Контроли на цените на производите од акцијата „Новогодишна кошничка“

Панел-дискусија „To be or not to be… студент во Македонија?“

Седница на Генералното собрание на ЗЕЛС