Метео анализа на Славчо Попоски:
До крајот на оваа работна недела ќе имаме променливо облачно време со сончеви периоди, а ќе биде и претежно без ветер и тивко, па така по котлините ќе има појава на густа магла и на ниска облачност, особено во ноќните и во утринските часови. Посончево време ќе имаме во петок. Исто така, утре и во четврток во западните предели ќе има услови за појава на сосема слаб дожд, додека на планините ќе провејува слаб снег.
И во Скопскиот регион во следните два дена ќе имаме променливо облачно време со појава на магла, особено во ноќните и во утринските часови. Повеќе сонце ќе има во петок.
Што се однесува до температурите, максималните дневни температури ќе бидат малку пониски за разлика од изминативе денови и ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 14 степени во најтоплите југоисточни предели од државава.
Значително постудено утро ќе имаме во петок, кога речиси насекаде температурите ќе се спуштат под нулата, односно тие ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 1 степен.