Утрински Весник
Македонија

Здравјето сепак има цена: Зеленчукот најмногу поскапел во ноември

Denari Pari.jpg

Скокнаа трошоците за живот. Цените во ноември повисоки за 4 отсто. Статистика пак измери, годишна инфлација од 4, 3 отсто, повисока од претходно.

Според, извештајот на статистика за една година најголемо поскапување од храната има кај зеленчукот од 15, 6 проценти, потоа кај млекото, сирењето, јајцата, кај безалкохолните пијалаци, кафето, чајот, какаото, месото. Зголемување има и кај тутунот и алкохолните пијалаци. Кај дел од овие производи е забележано поскапување и во однос на месец октомври.


Зеленчук 15, 6 %, Масло 8, 7 %, Млеко, сирење и јајца 7, 1 %, Месо 4 %, Безалкохолни пијалаци 12,9 %, Кафе, чај, какао 12,6 %, Минерални води и негазирани сокови од овошје и зеленчук 13, 6 %, Алкохолни пијалаци и тутун 6,8 %.

Зголемување има и на трошоците за здравје, за фармацевските и стоматолошките услуги, за одржување и поправки во домовите.

Можете да прочитате

Панел-дискусија „To be or not to be… студент во Македонија?“

Седница на Генералното собрание на ЗЕЛС

Четврта регионална експертска средба за Кластер 1 „Основи“