Утрински Весник
Македонија

Реферирање за борбената готовност на Армијата пред претседателката и врховен командант на Вооружените сили

Davkova.webp.webp
Dik 300x250 mk

Брифинг за степенот на борбената готовност на Армијата за 2024 година пред претседателката и врховен командант на Вооружените сили, Гордана Сиљановска Давкова, ќе се одржи денеска во Домот на Армијата во Скопје.

Како што најави Генералштабот на Армијата, пред врховниот командант на Армијата, Гордана Сиљановска Давкова, во присуство на министерот за одбрана, Владо Мисајловски, претставниците на Кабинетот на претседателката и генералите во Армијата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски ќе информира за реализацијата на плановите, задачите и состојбата во Армијата во текот на 2024 година.

Брифингот е редовна годишна обврска на началникот на Генералштабот пред врховниот командант, чија цел е претставување на состојбата во функционалните области кои имаат влијание на борбената готовност на Армијата.

Претседателката Сиљановска Давкова ќе биде информирана за состојбата и степенот на реализација на активностите во областите на персонален менаџмент, обука и вежби, операции во земјата и странство, опрема и инфраструктура, воено планирање и структура на сили, модернизација, буџетирање и финансирање.

Можете да прочитате

Акредитирани 1622 набљудувачи за вториот круг од локалните избори, 957 домашни и 651 меѓународни и 14 новинари

Претпладне магливо, попладне сончево – 24info.mk

Победник на изборите за градоначалник е оној што добил повеќе гласови, ако не се изврши избор Владата именува повереник