Утрински Весник
Балкан

Драма во Хрватска: Околу 150 патници 15 часа на студ чекале превоз кога возот заглавил во снег

Voz 1024x536 1.jpg
Dik 300x250 mk

Околу 150 патници цели 15 часа на студ чекале превоз до Сплит откако возот што тргнал од Загреб заглавил во снег кај Лика.

– Некаде под Госпиќ, на локомотивата падна гранка под тежината на снегот што паѓаше и го скрши предното стакло на локомотивата. Возот веднаш застана, а сега веќе два часа го чекаме автобусот што треба само да нè земе околу 22:30 часот – изјави еден од патниците за „Далмација данас“.

Тој додаде дека во меѓувреме наврнале околу триесет сантиметри снег поради што многу патници се симнале од возот за да го поминат времето на чист воздух.

-Децата најмногу се радуваа на оваа ситуација. Направија снешко и си играа со снежни топки. И додека сите мислевме дека само чекаме долга зимска ноќ во возот, се случи нов пресврт. По првата пауза, возот конечно тргна кон станицата Медак, но набрзо откривме дека две деца не се качиле навреме. Моравме да застанеме и да ги чекаме децата да се вратат, па повторно се упативме кон станицата – раскажува еден патник.

Иако автобусите пристигнаа до 23 часот, се појави нова компликација. Откако патниците буквално се натрупаа во три автобуси кои требаше да продолжат да ги возат до Далмација, се чекаше пристигнувањето на четвртиот. Но четвртиот автобус заглавил во Грачац поради зимските услови, па чекал плуг да го извлече.

– Децата во автобусот седат на подот и чекаат. Внатре е задушливо, а кога се отвораат вратите е многу студено – вели читател од Сплит за „Далмација данас“.

Друг читател рекол дека неговиот автобус е полн со шестоодделенци, главно 10 и 11-годишни. Со нив се и нивните тројца учители. Индекс, пак, пренесува дека автобусите за Сплит тргнале нешто пред три часот утрото.

Можете да прочитате

Думани: Од 2020 година во Албанија е запленет имот вреден над 300 милиони евра стекнат преку перење пари

Турска компанија откри златно наоѓалиште вредно 1,7 милијарди долари

Хрка се разболи и имунитетот ѝ се влошува, но продолжува да штрајкува со глад веќе петти ден