Утрински Весник
Спорт

Почина Бранислав Божиќ – Бранче, поранешен фудбалер и тренер на Пелистер

Branislav Bozic.jpg.webp.webp

Фудбалска Битола тагува по Бранислав Божиќ – Бранче, поранешниот фудбалер и тренер на Пелистер кој почина вчера во Канада, каде живееше во последните неколку години со своето семејство.

Бранислав Божиќ ќе го паметат битолчани и навивачите на фудбалскиот клуб Пелистер како тренер со кого Пелистер испиша историја. Божиќ беше тренер кога Пелистер го предводеше во Европскиот Интертото куп и ги имаше легендарните дуели со екипите на Хобшајд, Фролунда и Селта, за кои во Битола се бараше карта повеќе, а во тимот беа Цветковски, Момировски, Рутевски, Димов…

Бранислав Божиќ – Бранче беше дел од генерација на битолски фудбалери, кои што научија многу од него, и кои што потоа направија големи кариери, дел од нив стигнаа и до репрезентацијата на Македонија.

Можете да прочитате

ЗОИ 2026: Лолобриџида го освои олимпиското злато на 3.000 метри на својот роденден, поставувајќи рекорд на Игрите

Мбапе испрати извршител до ПСЖ да си го наплати долгот

Осогово и Вардар играа во чест на починатите во „Пулс“