Утрински Весник
Македонија

АХВ: Неделава спроведени вонредни контроли и во кујните на приватните градинки

Ahv.jpg

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и неделава, покрај редовни, продолжија со спроведување на вонредни инспекциски контроли. Со надзори, во текот на оваа недела опфатени беа 38 кујни во приватрните градинки на целата територија на Македонија.

Со надзорите, утврдено беше дека 11 од контролираните кујни не се регистрирани во АХВ како оператори со храна за што се издадени налози за итна регистрација и се изречени парични казни.

Хигиенските барања кои се однесуваат на неимплелемтирани процедури на Добра хигиенска пракса, констатирано е дека не ги почитувале 4 од кујните во приватните градинки, а еден оператор со храна немал спроведено задолжителен здравствен преглед на вработените лица во кујните.

За отстранување на утврдените недоследности, издадени се 14 решенија со наредби, а изречени се и 13 пракршочни санкции- парични казни.

Со вонредните контроли кај овој тип оператори со храна, не е најдена небезбедна храна.

Можете да прочитате

Финансиска полиција со кривична за едно лице од Струга, Буџетот го оштетил за над четири милиони денари

Левица: Седум починати за едно лето – западнонилската треска однесе рекорден број жртви, а ИЈЗ го прекина неделното информирање за епидемијата!

Денеска сончево и топло – 24info.mk