Утрински Весник
Балкан

Романската полиција изврши претрес во домови поврзани со Георгеску

20241207164948 Big 730x400 59.webp.webp

Романската полиција денеска изврши претрес на неколку домови како дел од истрага за наводни нерегуларности при победата на крајнодесничарскиот кандидат за претседател Калин Георгеску. Тој победи во првиот круг од претседателските избори, кои вчера беа поништени од Уставниот суд.

Судот донесе одлука за поништување на изборите поради масивна дезинформациска кампања, наводно поттикната од Русија, што резултираше со искривување на изборните резултати. Романските власти почнаа истрага по доставените информации од разузнавачките служби за мешање од странска држава.

Претресите се спроведени во три куќи во градот Брашов во централна Романија, при што се истражуваат случаи на „корупција на гласачите, перење пари и компјутерска измама,“ според обвинителството.

Информациите презентирани од романските разузнавачки служби откриваат дека кампањата на Георгеску на социјалната мрежа ТикТок чинела еден милион евра, иако тој тврди дека не потрошил ништо. Документите сугерираат и директна интервенција од страна на странска држава врз информатичките и комуникациските системи поврзани со изборниот процес.

Во меѓувреме, романската Дирекција за истрага на организиран криминал и тероризам (DIICOT) отвори кривична постапка за кампањата на Георгеску, што засега не подразбира формално обвинение, туку собирање докази за понатамошни чекори.

Романските служби предупредија дека земјата била цел на „агресивни руски хибридни напади“ за време на првиот круг од претседателските избори. 

Можете да прочитате

Опозициски политичари го блокираа влезот во зградата на полициската управа во Нови Сад, полицијата грубо ги оттурна

Во Србија очекуваат од властите објавување на целата документација за реконструкцијата на железничката станица во Нови Сад

Два земјотреси ноќеска го потресоа Косово, едниот со јачина од 4 степени според Рихтер