Утрински Весник
Балкан

Претседателските избори во Романија како референдум за европската иднина на земјата

20241206082743 Big 730x400 8.webp.webp

Рoманија би можела да го избере својот прв екстремно десничарски претседател в недела, на клучни избори за членката на ЕУ и НАТО што граничи со Украина.

Екстремно десничарскиот политичар Калин Георгеску, поранешен висок државен службеник, ја шокираше источноевропската нација со победата во првиот круг од претседателските избори на 24 ноември, наведуваат западни медиуми.

В недела, во вториот круг, тој ќе се соочи со Елена Ласкони, градоначалничката на еден мал романски град.

Се стравува дека под Горгеску, земјата, чие стратешко значење се зголеми по нападот на Русија врз Украина, ќе се приклучи на екстремно десничарскиот блок на ЕУ и ќе го поткопа европското единство по прашањето на Русија, кон која Букурешт покажа со прст поради мешањето во првиот круг на избори.

„Исходот од вториот круг од претседателските избори се смета за референдум за идната надворешнополитичка ориентација на земјата“, изјави Мариус Гинеа, политиколог од Универзитетот ЕТХ во Цирих.

Во пресрет на вториот круг, Ласкони истакна колку е голем влогот на овие избори во една од најголемите земји-членки на ЕУ, со околу 19 милиони жители.

Новинарката која стана политичар предупреди дека земјата се соочува со „егзистенцијална битка“ и „историски конфликт“ меѓу оние кои сакаат да ја „зачуваат младата романска демократија“ и оние кои сакаат „да се вратат во руската сфера на влијание“.

Анкетите, кои не успеаја да го предвидат успехот на Георгеску во првиот круг, сега му даваат 58 отсто поддршка, а на Ласкони 42 отсто.

Откако во минатото го пофали рускиот претседател Владимир Путин, 62-годишниот Горгеску сега избегнува да одговара на прашања за неговата проруска ориентација.

Можете да прочитате

Во Србија очекуваат од властите објавување на целата документација за реконструкцијата на железничката станица во Нови Сад

Два земјотреси ноќеска го потресоа Косово, едниот со јачина од 4 степени според Рихтер

Адвокатите во Србија ја прекинаа работата