Утрински Весник
Македонија

Кампања на МВР: Пиротехника не, безбедност пред се

20231231111549 Big 730x400 8.webp.webp

Министерството за внатрешни работи продолжува со превентивни кампањи со цел на граѓаните да им се укаже за можните последици од употребата на петарди и други пиротехнички средства, посебно актуелна пред и за време на новогодишните и божиќните празници.

Во соработка со Црвениот крст спроведуваме низа активности, се делат летоци со едукативна содржина, организираме показни вежби на кои граѓаните можат да видат какви се последици може да има употребата на овие средства.

МВР презема и репресивни мерки, со цел санкционирање на употребата на петарди и други пиротехнички средства и ги потсетува граѓаните за законските одредби во кои е санкционирана употребата на пиротехнички средства и нивната нелегална продажба.

Така, Законот за прекршоци против јавниот ред и мир во член 31 предвидува глоба за оној кој неовластено употребува пиротехнички средства. Согласно Кривичниот законик, во член 396 е предвидено недозволеното изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи, при што:
(1) Тој кој што неовластено изработува, држи, продава, набавува или врши размена со огнено оружје, муниција или експлозивни материи, ќе се казни со затвор од три до десет години;
(2) Ако предмет на делото од ставот 1 е поголемо количество на огнено оружје, муниција или експлозивни материи, или огнено оружје, муниција или експлозивни материи кои на граѓаните им се забранети, сторителот ќе се казни со најмалку пет години затвор. 

Можете да прочитате

Општините и министерствата потрошиле над 2 милиони евра за адвокатски услуги во 2023

Јавен настан „Етичка употреба на вештачката интелигенција: Кој ја има контролата – луѓето или алгоритмите?“

Влада: Во Буџетот се обезбедени 250 евра за електронски уреди за студентите и финансиска поддршка до 30.000 евра за младите