Утрински Весник
Спорт

Втор триумф на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2

20241204222037 Big 730x400 81.webp.webp

Кошаркарите на МЗ Скопје Аеродром синоќа ја забележаа втората победа во регионалната АБА 2 лига, совладувајќи го на гостински терен Тиват со 70-65 во рамки на 5 коло во групата А.

Македонскиот шампион уште пред вечерашното гостување во Црна Гора остана без шанси за пласман во плејофот, откако Цедевита триумфираше над Хелиос и со тоа овие две екипи ги потврдија првите две места во групата.

Најефикасни во редовите на МЗТ Скопје Аеродром вечерва беа Брандон Слај и Марко Баковиќ со по 14 поени.

МЗТ Скопје Аеродром ќе ја заврши групната фаза на третото место во групата А во која во последниот натпревар без резултатско значење ќе игра против Цедевита на 19 декември на домашен терен.

Можете да прочитате

Легендарниот аргентински бек стави крај на репрезентативната кариера

Алкараз се враќа на терените – пријавен е за УС Опен

Бекам заработи 25 милиони долари за време на Светското првенство во 2026 година, Шакира 20, Бибер 16 милиони долари