Утрински Весник
Македонија

Намалена видливост поради магла на планинскиот превој Плетвар

Magla.jpg

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 40 метри има на планинскиот превој Плетвар, извести АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

Груевски е меѓународен криминалец и не треба да биде во Унгарија, рече Маѓар

Уапсен криумчар на мигранти во близина на ГП Долно Блаце, пронајдени четири лица од Индија

(Видео) Огромни колони за излез од Грција