Утрински Весник
Скопје

Без вода населба Маџир Маало, а без струја дел од корисниците од неколку улици во општините Карпош и Сопиште

Voda Struja.webp.webp

ЈП Водовод и канализација – Скопје соопшти дека денеска поради уличен дефект ф- 2 на Кеј 13-ти Ноември 60, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населба Маџир Маало.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.

Од ЕВН Македонија АД информираа дека денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од неколку улици во општините Карпош и Сопиште.

Во периодот од 08.30 до 14.00 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците од ул. „Осло“, во општина Карпош. 

Без струја во периодот од 09.00 до 14.00 часот, ќе бидат дел од корисниците од улиците „Бриселска“ и „Копенхагенска“, во општина Карпош, како и корисниците од ул. 4 во Горно Соње, општина Сопиште.

Можете да прочитате

Левица: Орце и ДПМНЕ повторно ги оставија жртвите на семејно насилство на цедило – не ги обезбедија ветените субвенции за кирии

Ѓорѓиевски: Град Скопје со сопствени средства ќе гради две нови средни училишта

Ѓорѓиевски: Мерката за ослободување од комуналии за млади брачни парови е дел од мојата изборна програма