Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска по повод одбележувањето на Меѓународниот ден за борба против корупцијата организира настан заедно со партнерите од Проектот на УСАИД за партнерство против корупцијата и Проектот „Заедници со интегритет“, финасисран од Владата на Швајцарија, имплементиран од Националниот Демократски Институт, и со поддршка на Собранието на Република Северна Македонија.
Како што соопштија од ДКСК, целта е да се зајакне борбата против корупцијата на сите нивоа на управување.
На настанот што ќе се одржи во Собранието на Република Северна Македонија, ДКСК најавија воведни обраќања на претседателот на Собранието Африм Гаши, на министрите за правда и за локална самоуправа Игор Филков и Златко Перински, а меѓу другите голем број учесници и швајцарската амбасадорка Вероник Улман, директорката на Бирото за јавни набавки Маре Богева Мицковска, како и директорот на Финансиската полиција Слободан Ивановски.
Во рамки на настанот ќе се одржи и панел-дискусијата „Клучни активности и предизвициво градење систем отпорен на корупција/заклучни согледувања и идни препораки“.