Интегрален текст од соопшштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:
Нема никаква причина за лидерска за проблеми кои СДС и ДУИ си ги произведуваат сами. По тој принцип СДС секој втор ден ќе бара лидерски. Ако СДС мисли дека лидерска средба ќе го направи Филипче лидер и нив ќе ги факторизира се лаже. Нека си најдат некој друг начин да му билдаат легитимитет на Филипче, рече пратеникот Миле Лефков на денешната прес – конференција одговарајќи на новинарско прашање за повикот на СДС за лидерска средба.
Лефков кажа дека „народот неодамна им кажа што мисли за нив и нивните политики и грабежот што го направија и уништувањето на институциите, банкротирањето на државата”.
„Еве ако сакаат од Филипче да направат лидер, да им предложиме за почеток нека се тргне од џебот и прегратките на Заев. Наместо секој втор ден онака најниско најнедостоинствено да му изразува лојалност. ВМРО-ДПМНЕ има работа и проекти и вложува напори колку може да ги надмине проблемите наталожени од луѓето во и околу раководството на СДС. А СДС својата криза на лидерство нека си ја решаваат сами како сакаат. Сами си го одбраа сами нека си го нишкаат”, изјави Лефков.
Лефков посочи дека ако сака СДС дискусии за тоа е парламентот.
„Лидерска средба не создава лидери. Ако имаат било каква тема за дискусија ете им го парламентот каде можат да дискутираат колку сакаат. Ако кажат нешто суштинско и паметно се разбира ние ќе прифатиме. Но, лидерска средба затоа што едно утро им текнало дека им треба начин да се факторизираат заради провокации кои или тие или нивните ментори од ДУИ ќе ги направат во државата, е тоа не им го прифаќаме. Нема ни логика не е ниту продуктивно за државата. И второ лидерска средба не се договара преку медиуми, тие ако вистински сакаат го знаат начинот”, заклучи Лефков.