Утрински Весник
Македонија

Шекеринска од вчера и официјално ја презеде функцијата заменик-генерална секретарка на НАТО

Radmila Sekerinska Nato.jpg

Поранешната вицепремиерка и ексминистерка за одбрана Радмила Шекеринска од вчера и официјално ја презеде функцијата заменик-генерална секретарка на НАТО.

Ваква информација е објавена на официјалната веб-страница на Алијансата во сегментот „За нас“. Во делот каде што се споменува Шекеринска пишува:

„Радмила Шекеринска ја презеде функцијата заменик-генерален секретар на НАТО на 2 декември 2024 година. Како поранешен вицепремиер и министер за одбрана на Северна Македонија, г-ѓа Шекеринска има огромно искуство како креатор на политики и создавач на консензус. Таа е шампион на родовата рамнотежа и постојан поборник за силни трансатлантски односи.“

Се додава дека Шекеринска се приклучува на НАТО по истакната политичка кариера. Меѓу другото, се наведува дека како министерка за одбрана таа била клучна во подготовката на С Македонија за влез во НАТО.

Можете да прочитате

Апасиев: Сите уапсени полицајци се наведени во кривичната пријава против Мицкоски

Продолжи со работа Меѓупартиска парламентарна група за ХИВ и СРЗ – сексуално и репродуктивно здравје и во овој парламентарен состав

МНР со апел до македонските граѓани: Воздржете се од било какви патувања кон Израел и Иран