Утрински Весник
Македонија

АХВ спроведе  вонредни контроли во кујните на основни и специјални училишта  во Скопје

Ahv.jpg
Dik 300x250 mk

При минатонеделните спроведени вонредни надзори во 36 училишни кујни во основни и специјални училишта на територија на град Скопје, инспециските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најдоа само една кујна која не е регистрирана во АХВ. За утврдената недоследност, изречена е прекршочна санкција и наредено е итно регистрирање.

Со контролите, утврдени се недостатоци во поглед на неозначена и неселектирана храна, како и оштетени работни површини во 4 училишта, за што се издадени решенија со мерки за отстранување на недостатоците.

Во рамки на контролите, земени се примероци од храна и брисеви за микробиолошка анализа. Од земените примероци храна, по извршените лабораториски тестирања, утврдено е дека сите задоволуваат во однос на микробиолошките критериуми. Од земените брисеви само во едно училиште лабораториските тестирања детектираа незадоволителни резултати, за што од страна на инсопекциските служби на АХВ издадено е решение со мерки.

Агенцијата за храна и ветеринарство продолжува со спроведување на вонредни инспекциски контроли кај операторите со храна на територијата на цела држава, со акцент контролите во кујните во училиштата и установите каде се згрижуваат граѓани од ранливите категории, каде контролите ќе се спроведуваат континуирано.

Можете да прочитате

Министерот Љутков учествува на 43. сесија на Генералната конференција на УНЕСКО во Самарканд, Узбекистан

Со „Цитроен“ излезтале од патот, тројца повредени

Затвореник и негова пријателка со туѓа лична карта ваделе брзи кредити