Утрински Весник
Македонија

РКЕ утре се очекува да ја соопшти цената на струјата што ќе важи од јануари

Struja 3.webp.webp

Регулаторната комисија за енергетика утре на прес-конференција ќе ги соопшти одлуките поврзани со цената на преносниот и дистрибутивен систем за електрична енергија (МЕПСО, Електродистрибуција, МЕМО).

АД ЕСМ на последнио тендер на ЕВН ХОУМ понуди цена од 62 евра за мегават часови што е за две евра повисока од досегашната цена што АД ЕСМ му ја продаваше на универзалниот снабдувач. Оваа цена има најголемо влијание врз цената на струјата што граѓаните ќе ја плаќаат од 1 јануари.

Премиерот Христијан Мицкоски неколкупати досега во изјави за медиумите рече дека не очекува големи промени во цената на струјата, а доколку дојде до такво нешто, тогаш според неги, зголемувањето би требало да биде минимално од еден до три проценти.

Можете да прочитате

Опожарено „БМВ“ во скопско Батинци

ЛДП одржува Годишна либерална конференција „Quo vadis Europa 2025?”

Со скандалозни и навредливи извици почна протестот за поддршка на УЧК