Утрински Весник
Македонија

Облачно и постудено време со повремени врнежи од дожд и снег

Dozd 3.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Времето ќе биде облачно и постудено со повремени врнежи, кои во западните и јужните делови ќе бидат поројни и обилни (над 50 л/м2). На планините врнежите ќе бидат од снег од 40 до 50 см, на повисоките места од 10 до 30 см, а во некои пониски места од дожд и снег и ќе се формира помала снежна покривка. Во југоисточните делови ќе бидат само од дожд. Ќе дува умерен, а на планините силен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 2 до 6 степени.

Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд и снег, а на околните планини од снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец кој краткотрајно ќе засилува. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 4 степени.

Во деновите од викендот ќе има повремени врнежи, кои во западните и јужните делови ќе бидат поројни и обилни (над 60 l/m2). На планините врнежите ќе бидат од снег од 40 до 50 см, на повисоките места од 10 до 30 см, а во некои пониски места од дожд и снег и ќе се формира помала снежна покривка. Во југоисточните делови ќе бидат само од дожд. Ќе дува умерен, а на планините силен северен ветер. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно со магла по одделни котлини.

Можете да прочитате

Семејството Аслани обвинува за полициска бруталност по смртта на нивното двегодишно дете

Има загинати во возилото што падна во Радика

Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива непречено