Утрински Весник
Македонија

Соработката на Министерството за локална самоуправа и Мировниот корпус на САД потврдена со потпишување на Меморандум

Potpishuva E Na Memorandum Za Sorabotka So Mirovniot Korpus 1.jpg

Министерот за локална самоуправа Златко Перински и директорот на Мировниот корпус на САД Дејвид Рисајд, потпишаа Меморандум за соработка, со што беше потврдено стратешкото партнерство меѓу двете земји и соработката во различни области.

Во наредниот период над триесет нови волонтери на Мировниот корпус ќе престојуваат во општини во земјава и ќе бидат вклучени во локалните заедници. Волонтерите преку соработка со локалната администрација, училиштата и граѓански организации ќе имаат можност да го научат македонскиот јазик, да ја запознаат нашата култура, но и да споделат искуство и да помогнат во изучувањето на англискиот јазик.

Мировниот корпус на САД, обучува и ангажира доброволци за давање меѓународна развојна помош и реализира Програма за развој на заедницата, која се фокусира на организациски развој и градење капацитети на единиците на локалната самоуправа, центрите за регионален развој, невладините организации и младински центри.

Од 10 декември 36 лица на волонтерска основа ќе работат во два сектора, унапредување на наставата и инклузивното образование во основните и средни училишта и во секторот Развој на заедниците во невладини организации и во администрацијата на општините Росоман, Пехчево и Зрновци.

„Заемната размена на искуства и знаење е добредојдена и за двете страни. Оваа мисија значително ќе помогне за зајакнување на капацитетите на нашите општини, невладините и младинските организации, а во голема мера ќе придонесе и за унапредување на инклузивното образование во интерес на локалното население и општеството во целост”, изјави министерот Перински, кој се заблагодари за досегашната и идна соработка.

Соработката со Мировниот корпус во рамките на програмата за развој на заедницата е започната во 2005 година. Низ годиниве во рамки на соработката, 91 волонтер работеле во 49 општини низ земјава, а само во последниве години волонтирале 25 лица.

Можете да прочитате

Амбасадата на Србија најостро го осуди нападот на нејзиниот Конзулат во Куманово

ОЈО бара притвор за три лица за предизвикување меѓунационална омраза за вчерашните инциденти со македонското знаме

Калајџиев: Најавите на премиерот дека извршната ќе ја апси судската власт се трагикомични