Утрински Весник
Македонија

Александар Димитријевиќ нов генерален секретар на СДСМ, еве кои се потпретседатели

Img 20241127 Wa0003.jpg

Централниот одбор на СДСМ вечерва го избра новото раководство на партијата.

Како што дознава 24инфо.мк за генерален секретар на СДСМ е избран Александар Димитријевиќ кој доаѓа од Општинската организација на СДСМ од Гази Баба.

Избрани се и двајца организациски секретари а тоа се екс пратеникот Мартин Костовски од Куманово и Љупчо Фармаковски од ОО СДСМ Центар.

СДСМ ќе има и четири потпретседатели и тоа: екс министерката Каја Шукова, потоа Менде Илиевски, Ана Бундевска и Кристина Костова.

Можете да прочитате

Пожарот во Шуто Оризари е подметнат – доаѓаат со тротинети, потураат течност, палат и си одат

Николоски: Економскиот напредок на Македонија во фокусот на соработката со Фондацијата Конрад Аденауер

Досега регистрирани 138 шумски пожари, до крајот на јули штетата изнесува четири милиони евра