Утрински Весник
Македонија

Филипче по средбата со Давкова: Укажав дека партизацијата на безбедносните служби мора да запре

468051448 1124267185731439 2335518409230436788 N.jpg

На денешниот состанок помеѓу лидерот на СДСМ Венко Филипче и претседателката Гордана Силјановска Давкова се зборувало и за состојбата во безбедносните служби.

Филипче во изјава по средбата кажа дека тој ѝ укажал на Давкова за партизација на службите, изразувајќи загриженост за најавеното нивно спојување.

„Ние направивме реформа со која безбедносните служби се поделени и професионализирани и навистина сметаме и реагираме дека треба да се запре партизацијата, која особено сега се случува во Агенцијата за национална безбедност. Дополнително, сметаме дека обединување на агенциите од две во една, ќе направи навистина гломазна институција која тешко може да се контролира. Тоа ѝ и го укажав денеска на претседателката“ рече Филипче додавајќи дека Давкова ги нотирала сите негови забелешки.

Можете да прочитате

Голема група социјалдемократи ќе бара промени во СДСМ вели Шилегов

Стојановски: Големата трагедија за жал беше доказ дека здравствениот систем може да функционира

Д-р Крисаги Гинаки: Кога станува збор за здравјето единствениот начин е соработката