Утрински Весник
Македонија

Почнува кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“

20241124161930 Big 730x400 6.webp.webp

Во Музејот на град Скопје вечерва од 19:30 часот ќе биде одбележан почетокот на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“.

Најавуваат дискусија, прикажување кратки видеа и документарни филмови и изложба „Лузни на издржливост, гласови на надеж“ од Мартина Спасовска, како што појаснуваат, со цел да се испрати порака дека насилството врз жените и девојчињата никогаш не е оправдано.

Кампањата се одбележува под покровителство на семејството агенции на Обединетите Нации во соработка со Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, Мисијата на ОБСЕ во Скопје, УСАИД – Агенција за меѓународен развој на САД и други.

– Целта на кампањата на глобално и регионално ниво е да ја подигне општествената свест во борбата за спречување на родово базираното насилство, истакнуваат организаторите.

Најавени се дискусија, прикажување кратки видеа и документарни филмови и изложба „Лузни на издржливост, гласови на надеж“ од Мартина Спасовска со цел да се испрати порака дека насилството врз жените и девојчињата никогаш не е оправдано.

Можете да прочитате

Од ноќеска поскапуваат сите горива – РКЕ со нова одлука

Таравари: Функционери на ДУИ се повикуваат во обвинителствата, наскоро ќе се види кои се тие

ФЗО ја алармира јавноста: Граѓани добиле лажни пораки за рефундации