Утрински Весник
Македонија

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме

Bitola Nevreme 1.jpg

Стручни екипи од Општина Битола, заедно со претставници на приватните фирми со кои општината има склучено договори за градежно занаетчиски работи ги санираа комуналните проблеми по вчерашното невреме во градот.

Од Општина Битола информираа дека извршен е увид во неколку основни и средни училишта каде беа пријавени штети после вчерашното невреме, предизвикано од силниот ветер.

– Во основните училишта „Коле Канински“ и „Свети Климент Охридски“ и средните училишта Гимназија „Јосип Броз Тито“, економско училиште „Јане Сандански‘ и медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“, констатирана е потреба од итна интервенција и од понеделник, во сите наведени училишта ќе се работи на санација на штетите, соопштија од тамошната локална самоуправа.

Екипи на ЈП Комуналец се на терен и работат на расчистување на просторот од паднатите дрвја, сообраќајот е нормализиран, а екипите ќе продолжат со работа до целосно расчистување.

– Во текот на ноќта интервенираше пожарникарската единица на ТППЕ-Битола на локации каде што имаше паднати дрвја и кровови, а екипи на КЈП „Нискоградба“ и ЈКП „Водовод“ работеа на нормализирање на водоснабдувањето во делови од градот, информираа од секторот за односи со јавност.

Претставници на Општина Битола се во постојана комуникација со ЕВН Електродистрибуција Битола чии екипи работаат на отстранување на дефекти на надземната среднонапонска и нисконапонска мрежа предизвикани од паднати столбови за дистрибуција на електрична енергија. Се очекува најдоцна утре, целата мрежа да се врати во нормала. 

Можете да прочитате

Клековски: Вакцините против грип се пристигнати и пријавувањето ќе започне час поскоро

ВЛЕН: Тетово се менува со дела, модерниот стадион добива форма

Во рамки на оперативната акција „Чистач“ приведени три лица од Скопје за уцена и закани, барале 10.000 евра од жител на Делчево