Утрински Весник
Македонија

Силен ветер, со брзина од над 75 километри на час, го оштети покривот на средното електромашинско училиште во Штип

Vreme Veter Vetrovioto.jpg

Силниот ветар со брзина од над 75 километри на час оштети дел од кровот на средното електро-машинско училиште „Коле Нехтенин“ во Штип. Нема повредени ученици и наставници, наставата се одвива без проблеми.

Низ населбите во Штип има и откорнати дрва, паднати гранки, а има и пријави на оштетени автомобили. Директорот на ЈП „Исар“-Штип, Александар Арсовски вели дека досега имале околу 20 интервенции, додека пак штипските Пожарникари имале четири интервенции, на паднати дрва, две во близина на средното училиште „Коле Нехтенин“, една на местото кај Четвртиот километар и една интервенција кај детската градинка „Вера Циривири Трена“ во Штип. Според исвестувањата на УХМР има портокалов предупредување за ветер. Исто така се апелира граѓаните да бидат внимателни и да не се движат на места каде има високи дрва со цел да се заштитат.

Во Штип ветровитото време продолжува и во текот на утрешниот ден.

Можете да прочитате

СДСМ поднесе кривична пријава против Мицкоски за рушење на Уставот и крешење на законите

ЗНМ: По истекот на рокот за избор во МРТ, јавноста очекува кредибилен и целосно транспарентен процес

Полицаец фатен како вози со активна забрана за управување и под дејство на алкохол