Утрински Весник
Македонија

ВМРО – ДПМНЕ: Недолични се обидите на СДСМ преку Апасиев да прават драми во законодавниот дом

Vmro Dpmne 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Интегрален текст од соопштение за јавност на ВМРО – ДПМНЕ:

Венко Филипче и СДС тотално се изгубија на политичката мапа по катастрофалниот пораз и последните анкети каде рејтингот им е во слободен пад, па посегнаа по алтернативни методи во Собранието и на помош го повикаа и активираа насилникот и пудлицата на Венко, Димитар Апасиев од Левица.

Филипче  во паника и агонија користи нарачано насилство и провокации како единствен начин да го сврти вниманието кон опозицијата во Собранието. Поради тоа СДС го активира насилникот и пудлицата на Венко, Димитар Апасиев.

Примитивни и недолични се обидите на СДС преку нивниот приврзок, Левица и насилникот и пудлицата на Венко, Апасиев да прават драми во законодавниот дом каде наместо цивилизирана и аргументирана дебата, конструктивни и продуктивни решенија нудат дефокус, политиканство и циркус.

Во текот на вчерашниот ден во видео од неколку секунди јавноста имаше можност да ја види целата мизерија на СДС и Левица.

На виделина излезе целиот примитивизам со кој се служи Филипче, а за профилот на политичкиот циркузант и акробациите на насилникот и пудлицата на Венко, Апасиев кој во Собранието јавно навредуваше семејства и деца на пратеници, јавноста може самата да суди.

СДС и Левица се елементарна непогода на политичката сцена. Во современа демократија за која се залага ВМРО-ДПМНЕ нема простор за девијантно однесување, циркузанти, политиканство и деструкција.

Време е во политиката да има поинаков пристап. Време е за идеи, проекти и работа во интерес на граѓаните во Македонија.

ВМРО ДПМНЕ со жалење и разочарување гледа на вчерашниот инцидент во Собранието, осудувајќи ги намерите на поедини пратеници од опозицијата да предизвикаат инцидент.

Можете да прочитате

Министерството за здравство подготвено да обезбеди медицинска помош за повредените од пожарот во Кран-Монтана

По трагичната несреќа во Швајцарија, Македонија подготвена да прифати повредени

Превртена цистерна три дена го блокираше патот Струга – Ќафасан