Утрински Весник
Македонија

Mentor Awards 2023 – Избор на најдобар ментор во рамките на Европската недела на претприемништво

Apprm 07.jpg

Агенцијата за поддршка на претприемништвото во рамките на одбележувањето на Европската недела на претприемништво, утре (21 ноември) во ресторанот Рагуза Руфтоп 360 организира Избор на најдобар ментор за 2023 година – Mentor Awards 2023, кој има за цел да го препознае и награди најдобриот ментор. Настанот е организиран како дел од програмата на Агенцијата и има за цел да го препознае и награди придонесот на менторите кои со своето искуство и поддршка ги инспирираат младите претприемачи и играат важна улога во нивниот развој и успех. Стандардизираните менторски услуги се дел од програмската активност на Агенцијата со поддршка од Јапонската Агенција за меѓународна соработка (JICA).

Во текот на Европската недела на претприемништво, Агенцијата досега реализираше низа активности за поттикнување на претприемачкиот дух. Во рамки на програмата, Директорката на агенцијата, Даниела Димовска и заменик министерот Марјан Ристески во понеделникот го посетијаСУГС „Лазар Танев“, при што имаа продуктивна средба со директорот на училиштето Небојша Вуковиќ. Беше разговарано за идните можности за развој и подобрување на образовниот процес во угостителството, како и за поддршка на младите професионалци во оваа важна област. Во рамкитена посетата, учениците имаа можност да се запознаат со програмите и обуките што Агенцијата за поддршка на претприемништвото ги нуди за развој на претприемнички вештини, како и да добијат информации за новите обуки кои ќе се реализираат во следниот период.

Во текот на истиот ден, претставници на АППРМ го посетија и СУГС ,,Арсени Јовков“, каде се запознаа со идните правници и економисти во нашата држава. Посетата вклучуваше и интерактивни сесии со учениците, при што тие споделија свои идеи за уникатни и креативни бизниси. Дополнително, учениците имаа можност да се запознаат со програмските активности што Агенцијата за поддршка на претприемништвото ги нуди за развој на претприемнички и дигитални вештини, како и да се информираат за новите обуки кои ќе се спроведат во периодот што следува.

Во текот на денешниот ден се предвидени и активности со организациите од невладиниот сектор, кои работат на полето на унапредување на претприемништвото и развојот на малите и средните претпријатија. Како дел од одбележувањето на Европската недела на претприемништво, претставници од Агенцијата денеска ќе ги посетат и фирмите „Винарија Чифлик“ од Битола и „СВАРОГ“ од Прилеп, компании кои се и корисници на мерката менторство што ја спроведува  Агенцијата со цел да ја истакнат важноста на поддршката за мали и средни претпријатија и да ги охрабрат во нивниот понатамошен развој.

Покрај тоа, претставниците на Агенцијата за поддршка на претприемништвото утре ќе остварат средба со Миле Бошков, Претседател на Бизнис конфедерација на Македонија, со цел да биде договорена идна соработка. 

Можете да прочитате

Дали од 29 Ноември Балканот ќе го зафати нов студен и снежен бран?!

Филипче: СДСМ не е лична сопственост ниту на Бранко, ниту на Заев, а најмалку моја

Филипче: Ароганцијата ќе ја закопаме длабоко под земја