Утрински Весник
Свет

Мислел дека се извлекол – Уапсен 77-годишен маж за убиство на ученичка во 1969 година

Cats 11 690x450 1.jpg

Случај стар повеќе од половина век конечно може да се реши.

Полицијата во Оклахома го уапси 77-годишниот Џозеф Амброуз и го обвини за бруталното убиство на 17-годишната Мери Ки Хис во март 1969 година…

Не е јасно што точно довело до апсењето, пишува NY Post дека истражителите го ексхумирале телото на Хис пред два месеци и пронашле докази кои укажуваат на Амброуз.

Несреќната девојка последен пат била видена како пие топло чоколадо со другарките после тренинг, по што се упатила дома, биле видени во близина на домот, но таа никогаш не стигнала.

Инспекторите се сомневаат дека средношколката влегла во автомобилот со некој што го познавала.

Нејзиното тело е пронајдено во ров со повеќе од десет убоди.

Таа немала чевли на себе, па истражителите претпоставуваат дека бегала од напаѓачот.

Пред да се заборави случајот, полицијата испрашала повеќе од 700 луѓе. Но, не успеале да го најдат виновникот…

– Тоа е тотално лудо, човеку. 1969 година беше навистина многу одамна. Човек се прашува што можел да направи Амброз сите тие години – вели Шон Шафер, во чие маало неодамна се преселил 77-годишниот старец.

Можете да прочитате

Биткоинот достигна рекордни 98.000 долари

Руте итно заминува кај Трамп

Бебето кое исчезна од породилиштето во Виена е пронајдено мртво во корпа за ѓубре