Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Загаден е воздухот во сите градови а ДПМНЕ го намали буџетот за 51%

Whatsapp Image 2024 11 19 At 09.45.04.jpeg

Интегрален текст од соопштение на СДСМ:

Последните податоци покажуваат дека во Скопје на сите мерни места загаденоста на воздухот е голема, присуството на ПМ10 честичките се двојно и тројно зголемени.

Не само во Скопје, високи концентрации на ПМ10 честитчки се регистриани и во другите градови, Битола, Кичево, Кавадарди, Куманово, Охрид, Гостивар.

Аерозагадувањето е високо, граѓаните се гушат, а ниту власта на ДПМНЕ ниту градоначалниците од оваа партија не превземаат некакви мерки.

Дополнително, во Буџетот 2025 власта ги намали парите за чист воздух за 51%, парите за заштита на животната средина се намалени за цели 25%, а парите за развој на енергетиката се намалени за 41%.

Ова значи дека власта на Мицкоски нема намера ништо да преземе за да ги заштити граѓаните.

Со мерките на СДСМ и Планот за чист воздух, којшто е прв стратешки документ на некоја влада досега во борбата со аерозагадувањето, започна тренд на посетепено намалување на загадувањето.

Со Планот се направи промена на нееколошкиот начин на загревање на градинките, училиштате, јавните објекти и се презедоа сет на повеќе мерки.

Со тоа започна на годишно ниво да има намалување на штетните честички ПМ 2.5 во воздухот за -564kg како и намалување на честитчките МП 10 за -735kg годишно.

Затоа власта на ДПМНЕ требаше да продолжи и да ги засили мерките, за постепеното намалување на концентрациите на штетни честитчки во воздухот да продолжи.

Борбата за чист воздух е процес кој бара посветеност, знање и конркетни мерки но очигледно тоа не е приоритет за Мицкоски и ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Денеска променливо облачно, претежно во западните делови со повремен снег, попладне облачноста ќе се намали

Денеска променливо облачно, претежно во западните делови со повремен снег, попладне облачноста ќе се намали

СДСМ: МВР итно да постапи, запален е автомобилот на претседателот на Општинската организација Кривогаштани