Утрински Весник
Економија

УЈП со апел: Поднесете ги на време ДДВ-04 пријавите

Ujp.jpg

Управата за јавни приходи ги повикува сите даночни обврзници да ги достават потребните документи до своите сметководители и навремено да ги поднесат ДДВ-04 пријавите за изминатиот даночен период. Крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавата е 25-ти ноември 2024 година (понеделник).

Досега, поднесени се само 615 ДДВ пријави од очекуваните 7.399, што претставува само 8,31% од вкупниот број на даночни обврзници. Ова покажува дека значителен број на обврзници сè уште не ја исполниле својата законска обврска.

Управата за јавни приходи апелира до сите даночни обврзници да ги исполнат своите законски обврски навремено, за да избегнат казни и дополнителни финансиски трошоци.

Навременото поднесување на ДДВ-04 пријавата е од исклучителна важност за правилното усогласување со даночните прописи, одржување на финансиската стабилност на бизнисите и за развојот на економијата.

Даночните обврзници кои имаат потреба од дополнителни информации или поддршка можат да се обратат на следниве канали:

  • Е-пошта: info@ujp.gov.mk

Телефонски броеви:

Од фиксна линија: 0800 33 000

Од мобилен телефон: 02 3253 200

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се против парите во бизнисот и против развојот на економијата

Мицкоски: Супермаркетите и други трговски објекти ќе бидат подложни на контроли

Каранфилова –Пановска: Безмалку 500 милиони евра се каматите за Унгарскиот кредит