Утрински Весник
Свет

Три лица убиени во напад со нож на Менхетен

20241119092811 Big 730x400 46.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Три лица се убиени во напад со нож на Менхетен, а полицијата уапсила осомничен кој, според властите, ги извршил нападите без очигледна причина.

Рамон Ривера, 51-годишен бездомник, вчера е обвинет за три убиства, соопшти њујоршката полиција, пренесува Еј-Би-Си Њуз. Првата жртва, 36-годишниот Анхел Лата Ленди, бил убиен околу осум часот наутро додека работел на градилиште. Два часа подоцна, 68-годишен маж починал од повеќе убоди. Идентитетот на втората жртва не е соопштен. Третата жртва, 36-годишна жена, имала повеќе убодни рани во градите и раката и била пренесена во болница, каде подоцна починала.

Осомничениот досега бил уапсен осум пати и се верува дека има проблеми со менталното здравје, изјави градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс.

Можете да прочитате

Бурата Јоханес ја погоди Шведска

Силен земјотрес го стресе Тајван

Снежна бура парализира воздушен сообраќај во североисточниот дел на САД