Утрински Весник
Свет

Маскирани двајца крадци упаднале во замокот „Виндзор“

S 24 1.webp.webp

Маскирани мажи упаднале во замокот „Виндзор“ додека британскиот принц Вилијам, неговата сопруга Кетрин Кејт – Мидлтон и нивните деца спиеле во нивниот дом што се наоѓа на дворецот. Инцидентот се случил минатиот месец, кога двајца провалници ја прескокнале оградата висока 1,8 метри и со украден камион ја пробиле безбедносната капија.

Иако на имотот се поставени аларми, упадот бил откриен дури кога провалниците ја пробиле безбедносната преграда. Од шталата на „Фармата Шо“ што се наоѓа во безбедносната зона на замокот, украдени се теренско возило и моторцикл со четири тркала. Тие потоа избегале преку оштетената безбедносна врата, којашто семејството често ја користи како излез од нивната резиденција. Полицијата потврди дека сѐ уште никој не е уапсен и дека истрагата е во тек.

Настанот се случил откако вооружените чувари биле отстранети од главниот влез на замокот поради недостатокот на службеници, но и „загриженоста на туристите“ за присуството на вооружени полицајци, пишува „Дејли мејл“.

Семејството на принцот Вилијам во 2022 година се пресели од палатата Кенсингтон во „Куќата Аделаида“. Претходниот безбедносен инцидент на имотот е забележан на Божиќ 2021 година, кога маж со самострел ја прескокна оградата, со намера да ја убие тогашната кралица Елизабета Втора, за што подоцна беше осуден на девет години затвор.

Можете да прочитате

Меланија Трамп  нема трајно да се сели во Белата куќа?

Трамп со план да прогласи вонредна состојба за да ја спроведе својата програма за протерување мигранти

Акција „Моби Дик“: Во ЕУ 43 лица осомничени за мегаданочно затајување од 520 милиони евра