Утрински Весник
Македонија

Пред големата промена на времето: Денес (понеделник) и утре (вторник) накратко потопло и претежно стабилно време

T2m 048 Crop.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Денес (понеделник), како и утре (вторник) во Македонија времето накратко ќе биде потопло, но и стабилно, односно сончево со појава на мала до умерена локална облачност. Денес ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од северозападен, а утре од југоисточен и од југозападен правец.

Сепак, утре (вторник) попладне и кон крајот на денот од запад облачноста ќе се зголемува, и тоа ќе биде најава за големата промена на времето која не очекува од среда, особено кон крајот на денот и вечерта кон четврток.

И во Скопскиот регион исто така овие два дена ќе имаме стабилно, суво и сончево време, со повремена мала до умерена локална облачност. Денес ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од северозападен, а утре од југоисточен правец.

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени, меѓутоа, во југоисточните предели тие се очекуваа да се искачат до, па и малку над 15 степени.

Можете да прочитате

Митрески: Со буџетот, владата ќе ги зголеми глобите и административни такси

На 150-от роденден на Мисирков исчезна македонскиот јазик од меѓувладината седница во Приштина

Не е вистина дека албанскиот јазик во Македонија е под закана, кажа Курти