Утрински Весник
Македонија

ЦЕЛИОТ РЕГИОН ЌЕ БИДЕ ПОКРИЕН СО СНЕГ: Моќен и многу студен циклон од 20 Ноември го зафаќа Балканот, студот доаѓа и во Македонија!

Meteoalarm.mk 31 1.jpg

Метео анализа на Славчо Попоски:

Почнувајќи од 20 Ноември (среда) целиот Балкански Полуостров, вклучувајќи ја  и нашата Македонија ќе бидат зафатени од моќен циклон кој ќе биде со центар токму над Балканот, но и над Италија  и истиот ќе условува обилни врнежи, најпрвин од дожд, а потоа од снег.

Сето ова ќе биде проследено со бурен ветер, кој понекаде ќе достигнува брзина од над 80/90 км/час, локално и со брзина дури и од над 100 км/час.

Снег ќе го поркие речиси целиот Балкан следната седмица, а што се однесува до Македонија, истиот ќе го има особено на повисоките места  и на планините, но од средината на седмицата, поточно од четврток 21.11.2024 повремен снег ќе има понекаде  и на пониските места, особено во западните  и во северните предели. Можно е помало формирање на снежна покривка и во пониските места во Македонија.

Во следните мои метео објави следува нова  и по потреба обновена метео анализа токму околу оваа огромна промена на времето која не очекува во текот на новата седмица.

Можете да прочитате

Спојувањето на АНБ и АР, власта може да го искористи за разрешување на Христовски, смета Петровска

Меџити: Ќе одиме во Приштина за да го зајакнеме духот на меѓудржавната соработка

Нема конечен договор со банките за висината на каматите за Унгарскиот кредит, истакна Мицкоски